Чадорите имаат многу слабости, а најголемата меѓу нив е дека традиционалниот чадор е наменет само за еден одреден стил на дожд – нè заштитува само од капките кои паѓаат право, директно кон главата.
Дождот, како што е познато, често е проследен со ветер. Како да се заштитиме од капките кои паѓаат странично? Тајванските студенти Лин Мин-Веи и Луи Ли-Хсианг го креираа „Rain Shield“, штитиник за дожд, за да го решат овој стар проблем. Притоа, го земаа предвид вистинскиот начин на кој паѓа дождот, а како што знаеме, дождот никогаш не паѓа совршено право кон земјата.
Станува збор за чадор кој нема остри делови со кои би можеле да ги повредите останатите пешаци. Сепак, изгледа дека најинтересен е начинот на склопување на чадорот. „Rain Shield“ се склопува како шатор, така што нема да бидете принудени цел ден да носите со себе метална палка. Наместо тоа, едноставно може да го скплопите чадорот и да го сместите во својата чанта.
На следново видео може да ја погледате презентацијата на овој изум: