Реџепи: Додека не се донесат официјални одлуки, јас сум член на БЕСА, а партијата е дел од Владата

„Додека не добијам официјална одлука од партијата, врз основа на статутот на партијата, дека сум исклучен, јас сум сѐ уште член, потпретседател на партијата, пратеник и координатор на групата пратеници на Движењето БЕСА во парламентот“, изјави денеска пратеникот Кастриот Реџепи, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција со Собранието.

Прашан дали би влегол во коалиција со Зоран Заев, Реџепи рече дека моментов движењето БЕСА е во коалиција со Зоран Заев, со СДСМ, со ДУИ и со ДПА.

„Движењето БЕСА не е излезено од Владата, бидејќи нема одлука. Ниту се влегува во Влада, ниту се излегува со изјава, прес или Фејсбук статус. Јас сум потпретседател на БЕСА и знам кој е органот што одлучува. Исклучување на коалиции врши Централниот одбор. Кога ќе реши Централниот одбор дека Движењето БЕСА не е дел од мнозинстото, тогаш и јас како член на БЕСА треба да размислам за да ја почитувам таа одлука. Во моментот, органот што има мандат да решава е Централниот одбор, и движењето БЕСА е во владината коалиција“, изјави Реџепи.

Во петокот, лидерот на движење Беса – Биљал Касами, на Фејсбук информираше дека го исклучил Реџепи од партијата поради постапување спротивно на одлуката и нарушување на угледот на партијата.

- Реклама -