Популарниот бренд Red Valentino за претстојната сезона нуди колекција која ќе ги разбуди најромантичните чувства.
Фустаните, здолништата и мантилите кои беа презентирани на модните недели оставија сјаен впечаток кај модните критичари како и кај најголемите поклонички на модните трендови.
Цветните и карираните дезени, пролетните нијанси, разиграните здолништа и тексас кошулите се синонимите за колекцијата која влева пролетен оптимизам.
Погледнете ги рекламните постери за колекцијата на Red Valentino која ќе ве освои на прв поглед!