Red Bull F1 болид постави брзински рекорд во тунел (видео)

Ако некогаш ве интересирало како изгледа поминување со Формула 1 болид низ напуштен тунел со 305 километри на час тогаш еве ви шанса.

Ова е Дејвид Култхард кој уживо во ноќно возење низ Линколн Тунелот во болидот на Red Bull. Тунелот долг 2,4 километри минува под реката Хадсон и ги поврзува Вихокен, Њу Џерси со Менхетен во Њујорк.

{youtube}H4VPB7D54lk{/youtube}

Благодарение на внимателно поставени камери ние можеме да почувствуваме барем дел од сензацијата да се биде во возачкото седиште. Овој подвиг бил планиран за промовирање Grand Prix of America F-1 трката која следната година ќе се одржи во Њу Џерси иако има загриженост дека патеката нема да биде готова на време.

Иако нема официјални податоци, доста е веројатно дека оваа промоција на Култхард го поставила рекордот за брзина во тунелот.

- Реклама -