Речник и енциклопедија во едно

Повеќе...

Речник кој изобилува со бројни илустрации на кои се означени сите непознати поими преведени на шест јазици е добра шанса за учење граматички правила и странски јазици. 


visual.jpg

"Visual Dictionary Online" е дизајниран да пружа информации за непознати зборови и поими со кои се среќаваме во реалното време. 
Речникот изобилува со бројни илустрации на кои се означени сите непознати поими и тоа на шест различни светски јазици што е добра шанса за учење граматички правила и странски јазици. Речникот ги комбинира илустрациите и зборовите, па одлично решение е доколку знаете нешто како изгледа, а не знаете како се вика. Секој поим може да се поврзи со фотографија поврзана за поимот. 
Речникот е незаменливо визуелно средство кое покрај објаснувањата за непознатите зборови дава одговори и за начинот на функционирање на истото. Овој онлајн речник помага на корисниците да ги разберат разните феномени и брзо сознавање на точното значење на термините и карактеристиките на објектот. Речникот е наменет за сите возрасти и може да послужи на секого кој е желен да го прошири своето знаење и да дознае нешто ново.  [Visual Dictionary Online]

- Реклама -