Ако сте „сингл“ сигурни сме дека ќе се согласите колку ви е смачено од овие разговори.Луѓето во врска забораваат дека и тие некогаш биле сами, па пречесто започнуваат здодевни и исклиширани реченици за некоја бедна утеха. Издвојуваме 10 од нив, иако ги има многу…
1. „ Не грижи се, ќе најдеш некој еден ден“
2. „ Како е можно уште да немаш никој? Прекрасна си“.
3. „ Ќе се случи кога најмалку очекуваш“.
4. „ Зарем никогаш не си осамена“
5. „ Премногу бираш“.
6. „ Само немој да станеш некоја луда жена со мачки“
7. „ Мораш прво да се засакаш себе“
8. „ Сево ова еден ден ќе ти биде смешно“
9. „ Не се откажувај, ќе се случи“
10. „ Подобро ти е вака. Барем никој не те замара“