Иако звучи како проваприлска шега, оваа вест не е тоа, затоа што доаѓа директно од научниците. Тие тврдат дека за среќа во животот сексот е важен, додека работата би требало да ни биде на последно место.
Среќата не може да се купи со пари, но со редовен секс до неа се стигнува за час. Сѐ што е потребно е со саканата личност да практикувате секс и да разменувате нежности во спалната соба или на друго место 106 минути на ден. Научниците тврдат дека овој рецепт е за сеопшта благостојба и долг живот.
До овој заклучок, дуото еминентни експерти Кристијан Крол од универзитетот Џејкобс во Германија и Себастијан Покут од Универзитетот за технички науки во Џорџија, стигнало изучувајќи колку задоволство ни носат секојдневните активности. Тие дошле до заклучок дека просечен човек би бил најсреќен кога секој ден би можел да има 106 минути секс, а само 36 минути сериозен работа што носи пари. Остатокот од времето би го трошел на активности како што се дружење со пријателите и други пријатни работи.
Еве ја комплетната листа како би требало да изгледа еден совршен ден:
106 минути – секс и размена на нежности
82 минути – дружење со пријателите
78 минути – опуштање
75 минути – уживање во храна
73 минути – молитва или медитација
68 минути – вежбање
57 минути – телефонирање и испраќање СМС пораки
56 минути – шопинг
55 минути – гледање телевизија
50 минути – готвење
48 минути – работа на компјутер
47 минути – домашни обврски
46 минути – грижа за децата
46 минути – попладневна дремка
36 минути – работа
33 минути– возење
остатокот – ноќен сон