Комуникацијата меѓу мажот и жената често пати е компликувана. Еве неколку реченици што мажите не сакаат да ги слушаат.
Треба да разговараме – е една од речениците кои служат како најава за лоши вести. Од некоја причина жените сакаат да ја користат за сите важни разговори што сакаат да ги почнат со партнерот. Мажот на оваа реченица ќе се претвори во таен агент кој е истрениран да не издаде ниту една витална информација. Во превод – ќе ја затвори устата и панично ќе чека да слушне каде погрешил, додека во глава си ги премотува последните неколку недели.
Не знам што би правела без тебе – е реченица што е дозволена само во долгогодишна врска или кога момчето ќе и го поправи компјутерот на девојката. Во случај да се работи за новопечена двојка мажот веднаш ќе почне да планира бегство. Иако жената му го рекла тоа од романтични причини, тоа што мажот го слуша е брачна понуда.
Зошто едноставно не признаеш дека немаш поим и не се откажеш – во некои ситуации е сосема разумна реакција. На пример, треба да се поправи бојлерот и мажот се нуди да го поправи, меѓутоа по ден-два топла вода уште нема, а тој се уште работи во бањата. Тоа што мажите не се добри во некои работи не значи и дека сакаат да им се зборува за тоа. Порано или подоцна и тие ќе се изморат и ќе повикаат експерт да ја среди работата. Подобро е да се остават да се обидат отколку постојано да им се повторува дека ништо не знаат.
Би можеле заедно на часови по танцување – жените сакаат да играат, а мажите играат само кога се „сингл“. Крај на приказната!
Се надевам дека испланира нешто за денеска – о, да. Жените ги паметат сите родендени, годишници и генијално се снаоѓаат со датуми. Мажите знаат кое годишно време е, претежно. Многу е можно мажите да заборават некој важен датум. Да напоменеме и колку жените сакаат да создаваат традиција и од помалку важи настани и очекуваат и нивните партнери да знаат за тоа.
Тоа може да му се случи секому, не е ништо страшно – мажите не сакаат кога се зборува за нивните проблеми со ерекцијата. Жените од друга страна, мислат дека така ќе им олеснат. Иако навистина тоа може да му се случи секому, мажите го доживуваат тоа како личен неуспех.