Реал Мадрид ја загуби титулата во Шпанија

Изминаа само четири кола во новиот шампионат од Примера дивизион, а Реал Мадрид веќе ја загуби титулата. Барем ако ѝ се верува на традицијата.

Шпанските медиуми ја повикаа на помош статистиката која вели дека „Кралевите“ никогаш во историјата не успеале да надоместат негатива од осум бода и да станат шампиони. А во моментов, Реал Мадрид има скромни четири бода од четири натпревари, додека Барселона ги има максималните 12 на лидерската позиција.

Најголемата негатива што „Кралскиот клуб“ успеал ја надомести и да го грабне пехарот се седум бодови, во сезоната 2002/03, кога успеаја да го стигнат Реал Сосиедад и да ја украдат титулата.

Најмногу бодови заостанување успеала да надомести Барселона во сезоната 1998/99. Каталонците тогаш по 14 одиграни кола заостануваа цели девет бода за лидерот, но на крајот станаа шампиони.

Прочитајте и:  Шпанката Лаура Марин пее македонски песни
- Реклама -