Од поодамна жестока е битката за потписот на Белингем и во Дортмунд се свесни дека нема да може да го задржат извонредниот фудбалер за врска, како и во случајот со Ерлинг Браут Халанд, кој летоска замина во Манчестер сити, па „милионерите“ во моментов само гледаат како да извлечат што повеќе пари.
И во трката за Белингем беа три премиерлигаши, Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед, како и Реал Мадрид, а од Шпанија дури доаѓаа најави дека Англичанецот изразил желба да игра во шпанскиот великан, а не да се врати во татковината.