„Кралевите“ вршат притисок врз германскиот гигант, кој веќе закажал состанок со 19-годишниот фудбалер и неговиот татко.
Дортмунд ќе има огромна заработка од трансферот на Белингам, кој го купи за 25 милиони евра пред две години, а ќе го продаде за неколку пати повисока сума.
Првиот човек на шпанскиот тим, Флорентино Перез, наводно е подготвен да плати 140 милиони евра за услугите на Белингам и така да го урне трансфер-рекордот на Еден Азар кој беше платен 115 милиони евра.