Реал Мадрид го доби дербито со Јуве

Со два гола на Кристијано Роналдо, Реал Мадрид со 2-1 го победи Јувентус на Сантијаго Бернабеу, Галатасарај со 3-1 славеше против ФК Копенхаген.

Реал Мадрид ја забележа и третата победа во третото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите совладувајќи го Јувентус со 2-1.

Нов удар за Старата Дама која има само два бода и ќе води тешка битка со Галатасарај за второто место во групата Б.

Натпреварот беше отворен уште во 4. минута кога по асистенција од Ди Марија, Роналдо постигна убав гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.

Во 22. минута, Љоренте најдобро се снајде во шенсаесетникот на Реал Мадрид и го изедначи резултатот на 1-1.

Но кратко траеше радоста на гостите, само седум минути подоцна, се чини престрого досуден пенал за Кралскиот клуб, Роналдо беше сигурен реализатор од белата точка за победа од 2-1.

Прочитајте и:  Мбапе незадоволен и не сака да игра центар во нападот на Реал Мадрид

На почетокот од вториот дел Јувентус остана и со играч помалку откако Киелини доби црвен картон поради удирање со лакт.

Натпреварот помеѓу Галатасарај и ФК Копенхаген кој го судеше нашиот судија Александар Ставрев, заврши со победа на домаќините од 3-1.

Рутинирана победа на Турците кои ја оправдаа улогата на фаворит и лесно си ја завршија работата.

Мело, Снајдер и Дрогба погодија во првиот дел за убедлива предност од 3-0, пред крајот на натпреварот, Копенхаген преку Клаудемир постигна почесен гол.

По три одиграни натпревари во групата Б, Реал Мадрид е прв со девет бода, следува Галатасарај со четири, по него е Јуве со два, последен е Копенхаген со еден бод.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -