За денешното позитивно видео на денот „виновна“ е Керол Дајен Бенџамин – мајка на две деца од Медисон. Таа на интернет ја постави снимката од моментот кога нејзината ќеркичка Скарлет за првпат го слуша гласот на својата постара сестра.
Малата Скарлет се родила три месеци порано од предвидените девет, а мајката веднаш знаела дека нејзината ќеркичка ја чека долг и макотрпен пат до опоравување. Скарлет како последица добила некротизирачки ентероколитис и инфекција на желудникот, поради кои ѝ биле препишани антибиотици. Антибиотиците, пак, довеле до губење на слухот.
Родителите не биле свесни за проблемот сé додека тоа не го откриле докторите. Така неодамна Скарлет го доби првото слушно апаратче – на свои 11 месеци, а како што вели нејзината мајка, дури тогаш сфатиле до кој степен бил сериозен проблемот. Зошто? Затоа што малата Скарлет никогаш претходно не реагирала вака на гласот на својата постара сестра: