Реакции по навредите кон проф. Силјановска

По многуте навреди на социјалните мрежи упатени кон проф. Силјановска која воедно е и претседателски кандидат се огласи активистката за родова еднаквост и права на маргинализирани групи, Ирена Цветковиќ која за Макфакс вели дека вакви реакции во општеството во кое живееме допрва ќе следат, особено кога за претседателска функција се бори жена.

„Во еден од коментарите имаше споредба на професорката Силјановска со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, ова е класичен сексизам и шовинизам. Крајно време е да се стави крај на дискриминацијата на жените и на нив да се гледа како на мајки, сопруги, баби… Ние гласно ќе говориме и ќе ги осудиме сите навреди кон жените. Живееме во 21. век во кој светот се бори за мултикултурализам и прифаќање на различностите, а ние за жал сѐ уште имаме проблем со ниска свест за овие вредности. Навредите упатени кон професорката покажуваат дека со свеста за родовите разлики сме останале 500 години наназад“, изјави Цветковиќ за „Макфакс“.

Катерина Колозова на својот ФБ профил напиша

Се огласи и Жанета Трајковска од Македонскиот институт за медиуми

- Реклама -