„Пет протестанти го загушија центар. Палат гуми палети и ѓубре!“
„Се гори на отворено, се гори пластика, пред Собрание на Р. Македонија, пред очи на мвр. Никој не реагира од институциите, дури ни лекарите од соседната болница. Луѓево не се ни опоменати дека не смеат и дека е штетно. ….јас реагирав“
Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи кои се однесуваат на палењето наспроти Собранието.
Реагираат и од О2 Иницијативата:
„Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос.
Се пали на отворено пред Собрание на Република Македонија, во импровизирано ќумбе од буре, црниот чад и смрад од горена пластика се шири и никој не рагира.
Постојат ли служби во Собрание на Република Македонија за обезбедување? постои ли еден пратеник што е на работа во 8.30ч и не го видел ова? и никој не реагира? Немаат публика или спремен говор колку се загрижени за загадувањето, па не можат да излезат да им објаснат на луѓево дека НЕ СМЕАТ, дека е забрането со закон, дека е штетно пред сè за нив!
И сето ова е на 100 м од градска болница, во центар на метрополата што конкурира за Зелена престолнина. На реакцијата дали знаат дека е забрането, одговорот е: Па полиција гледа и ништо.
И затоа ни се случува ова, фрази, семинари, трибини, говори, програми, а на терен и во суштина НИШТО“, стои во постот на нивната Фејсбук страна.
https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/520860518417386/