Развојот на Alfa Romeo Giulia траеше само 2,5 години

За ова нема официјална информација, но Италијанците, во свој стил, продолжуваат да шират детали преку различни медиуми. Списанието CAR имаше интервју со главниот инженер на проектот, Филипе Криф, кој истакнува интересни поединости.

Како што прецизира Криф, штом  добил „зелено светло“ од Серџо Маркионе да започне со работата врз проектот наречен Giulia, тој собрал тим од десет инженери кои почнале од нула со цртање на контурите на моделот. Потоа, чекор по чекор, се реализирале идеите. Кога е во прашање дизајнот, тој морал да биде уникатен, а за поставување на конструкцијата во основа  имале две насоки – постигнување на мала тежина и совршен баланс на товарот врз двете оски. По само две и пол години возилото било подготвено, за дизајнот е апсурдно да се трошат зборови, допрено е совршенството, а со тежина од 1.500 килограми и совршен баланс од 50:50 на предната и задната оска, остварена е целта.

Криф не крие дека за време на работата користел доста од искуството што го има акумулирано во текот на развојот на Ferrari 458 Italia. Токму поради тоа, Giulia нуди многу од духот на Ferrari, вклучувајќи и многу врвни технолошки решенија.

- Реклама -