Развод по 115 години

Споредени со врската на Биби и Полди човечките бракови изгледаат како краткотрајни врски. Овие две 115 годишни џиновски желки биле заедно од нивната младост. Но сега нивната врска завршиле бидејќи Биби повеќе не може да го поднесе Полди.

Парот рептили кои живеат во Рептилензу Хап во Австрија тежат по 100 килограми, и секој од нив би можел да го убие другиот доколку посака. И очигледно Биби размислува за тоа бидејќи почнала да одгризува делови од неговиот оклоп и постојано да го напаѓа. Вработените во зоолошката најпосле решиле да ги преселат Полди во посебно живеалиште за негова безбедност.

Тие повикале експерти за животинско однесување во обид да ја одржат врската со помош игри за врзување но немале успех. Вработените не знаат зошто парот се однесува вака но сè уште се надеваат дека ќе можат да ги смират.

Хелга Хап, директорот на зоолошката, изјавила: „Имаме вработени кои им зборуваат на желките и се обидуваат да ги спојат во надеж дека тие повторно ќе ја најдат својата хармонија. Ни кажаат дека многу е ретко две животни кои биле заедно толку време да се оддалечат но тоа е тоа. Се надеваме дека ќе можеме да им помогнеме да се смират.“ [After 115 years together, tortoise couple calls it quits]

- Реклама -