Перцепцијата за корупцијата ќе се промени и довербата на граѓаните во институциите ќе се зголеми ако се реши случајот „Рекет“, порача денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, која ги повика обвинителите и судиите ефикасно да си ја завршат работата за сите вакви случаи.
„За жал ни се случи тешка и лоша работа минатата година, случајот „Рекет“ кој многу приоднесе да се влоши перцепцијата за корупцијата во нашата држава. Добро е што се работи на овој случај, а уште подобро ќе биде ако се сработи, па луѓето малку да ја променат перцепцијата, да ја зголемат довербата во институциите. Негативни случаи имало и ќе има но работата е како тие ќе се решат и каква порака ќе се прати врз останатите чинители во општеството“, рече Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.
Според криминологот Љубомр Ѓурчевски борбата против корупцијата треба да се води со силата на законот, односно со изведување на докази што значи дека криминалните групи треба да бидат поразени во сите основи.
„Криминалните групи во основа се многу егоистични, дрски и насилни во остварувањето на своите цели затоа во борбата против корупциајта мора да се пријде многу сериозно, затоа што тој има за цел да се инсалира во сите институции“, рече Љубомир Ѓурчевски, експерт за криминологија.
Професорот Илија Ацевски посочи дека ниту универзитетите не ги одминува корупцијата. Таму според него постои „култура на корупција“, што значи дека системот одвнатре во многу сегменти е корупмпиран.
„Борбата против корупцијата е многу тешка, бара големи жртви, следи една реорганизација, фаќање во тек со модерното време на учење, не можете и по 40 години да применувате скрипти“, изјави Ацевски.
На годишната конференција во рамки на проектот Заедно во борба против корупцијата учесниците заклучија и дека освен зајакнување на капацитетот на институциите треба да се работи и на зголемување на свеста кај граѓаните.