Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола, после спроведените проверки во однос на објавеното видео за време на акцијата во Демир Хисар, утврдил непрофесионално и неетично однесување од страна на началникот на ОВР Демир Хисар. Спрема неговото однесување е покрената дисциплинска постапка.
Со цел да се осигура целосна непристрасност и објективност во истрагата, споменатиот началник ќе биде разрешен од својата функција.
Министерството го осудува секој облик на насилство и незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука да ги почитува законите и да служи на интересите на граѓаните.




