Разорен тајфун на Филипините, исчезнати најмалку 70 лица

Тајфунот Мангхут на Филипините предизвика страшни одрони, во кои животот го загубија 81 лица.

Најпогодена е провинцијата Бенгет, каде одронот целосно поклопил цело рударско село. Жителите на погодените места со лопати и копачи копаат низ одроните, со надеж дека некои од исчезнатите лица се сè уште живи.

Поради тајфунот, евакуирани и дислоцирани се околу 236.000 жители, а досегашната материјална штета изнесува над 270 милиони долари.

Филипините во просек ги погодуваат 20 циклони секоја година, предизвикувајќи поплави, одрони на тлото и други несреќи.

- Реклама -