Разочараност кај браќата што подарија земјиште за изградба на училиште: До сега сами ќе го изградевме

Четири месеци откако Екрем и неговиот брат подарија свое земјиште за изградба на основно училиште во село Паничари, општина Сарај, на местото не само што нема училиште, туку нема ниту трага дека нешто би се градело. „Како го оставивме така и го најдовме. Ништо не е почнато за изградба на училиштето“, велат браќата Јакупи во разговор со „ТВ21“.

Екрем не знае зошто се одложува изградбата, но е револтиран и разочаран. Сам да го градел, вели, досега ќе било завршено. Сам изградил две куќи и не му е јасно зошто толку се чека околу училиштето. „Подобро да ја оставев мојата куќа и јас самиот да почнев да го градам училиштето. Да почнев сам ќе го завршев“, вели тој. Во меѓувреме, учениците од село Паничари ќе продолжат со настава во тешки услови. Повеќе ТУКА.

- Реклама -