Разнобојни моливчиња за очи

Ова сезона во тренд се моливчињата за очи во разни бои. 

Златната нијанса одлично им прилега на дамите со потемен тен, бидејќи делува гламурозно, зелената се препорачува со браон сенка, а со сребрените тонови би требало да се внимава умерено.

Брендот Lancome промовираше тренд за шминкање на очите на француски начин, со бело моливче. Така се постигнува заводлив и блескав поглед, кој често говори повеќе од зборови. Тенкиот и флексибилен врв овозможува да се повлече совршена линија, од нежна до интензивна.

Синото моливче одлично се комбинира со браон, сина и зелена сенка. Доколку го сакате оној прочуен „фатален“ поглед, најдобар ефект ќе постигнете со класично и црно моливче за очи.

1533-2 m playful-purple-liner

cara coloured-eyeliner Gold-Eyeliner-Color

 

- Реклама -