Размислувајте како гениј

einsteinИ да не сте гениј, може да ги користите истите стратегии кои ги
употребувале Аристотел и Ајнштајн за да ја изразат креативноста на
својот ум. Следните 8 стратегии се начин да ве охрабрат да мислите
продуктивно, со цел да најдете солуција за проблемите.

И да не сте гениј, може да ги користите истите стратегии кои ги
употребувале Аристотел и Ајнштајн за да ја изразат креативноста на
својот ум. Следните 8 стратегии се начин да ве охрабрат да мислите
продуктивно, со цел да најдете солуција за проблемите.
 

einstein

Еве неколку примери кои се вообичаен стил на мислење кај генијалците во науката, уметноста и индустријата низ вековите.

1. Гледајте на проблемите низ многу различни начини и барајте нови перспективи на кои никој не се сетил(или не ги публикувал!)
Леонардо Да Винчи верувал дека за да стекнете знаење, треба да го реконструирате проблемот на многу различни начини.

2. Визуелизирајте!
Кога Ајнштајн имал проблем, тој секогаш наоѓал за сходно да го формулира неговиот предмет во што е можно повеќе дијаграми. Тој ги визуелизирал солуциите и верувал дека зборовите и бројките не играле важна улога во неговиот процес на мислење.

3. Создавајте! Карактеристика која го разликува генијот е продуктивноста.
Томас Едисон имал 1,093 пријавени патенти!

4. Правете комбинации без разлика колку необични тие биле
Законите на наследувањето според кои е основана модерната наука за генетиката се базирани на идеита на австриски свештеник Г. Мендел, кој ги комбинирал математиката и биологијата за да креира нова наука.

5. Формирајте врски; правете конекции меѓу различни субјекти
Да Винчи форсирал врска помеѓу звукот на ѕвоното и камен кој удира во вода. Ова му овозможило да направи врска дека звукот патува во бранови.

6. Мислете низ спротивности
Физичарот Нилс Бор верувал дека ако ги држите спротивностите заедно, тогаш ја отстранувате вашата мисла и вашиот ум преоѓа на друго ниво. Логиката му овозможува на вашиот мозок да креира нови форми.

7. Мислете метафорично
Аристотел сметал дека метафората е знак за гениј и верувал дека индивидуата која има капацитет да перципира сличност помеѓу две различни области и да ги поврзе заедно, е личност со посебна дарба.

8. Подгответе се за среќа
Кога и да пробате да направите нешто што на крајот ќе заврши без успех, не очајувајте. Со секој обид правите нешто. Тоа е првиот принцип на креативната несреќа. Неуспесите можат да бидат продуктивни само ако сте доволно фокусирани на нив. Не го поставувајте прашањето „Зошто не успеав?“ туку „Што направив сега?“

- Реклама -