Разликата меѓу љубовта и сакањето

Некои луѓе цел живот не успеваат да разберат каква е разликата помеѓу тоа да си заљубен и тоа да сакаш.

Мислиме дека причината да се разделиме со некого е тоа што љубовта исчезнала, а често вистината е дека таа никогаш не постоела.

„Љубовта не е синоним со сакањето – тоа се две различни нешта. Да, сакањето е прашање на страст, а љубовта- тоа е емоција, чувство. Чувствата и страстите се различни нешта.

Кога сакаш, се чувствуваш неверојатно, се чувствуваш убав и си убеден дека човекот спроти тебе е токму она што си го барал целиот живот. Но, таа / тој не е токму тоа, а ти упорно мислиш дека е така.

Секако, времето минува и сфаќаш дека нештата не се онакви какви што ги замислуваш. И потоа почнуваш да го обвинуваш , бидејќи тој / таа не одговара на она што си го сонувал.

Мислам дека кога се запознавме со мојата сопруга пред 35 години, таа размислувала: „Тој е толку висок, толку слаб, тој е толку тивок и толку начитaн“. Само 6 месеци подоцна таа ми рече: „Промени се … А јас не се променив. Ние се сакавме, но страста помина.

Љубовта сепак е нешто друго. Љубовта е онаа радост од соживот заедно. Толку е едноставно- јас сум среќен, бидејќи те познавам. Среќен сум зашто нашите животи се поврзани. Сакам и ти да си среќна, бидејќи јас се интересирам за твојата среќа. Сакам ти да си среќна.

Ете тоа е љубовта.

Не звучи како нешто големо, а сепак е … ”

Хорхе Буќај

- Реклама -