И додека многу манекенки не сакаат никој да ги види без шминка, Тајра Бенкс го направи токму спротивното.
Манекенката Тајра Бенкс често е нарекувана една од најубавите манекенки, но таа е свесна за тоа дека голем дел од нејзиниот изглед го претставуваат шминката и облеката. Токму поради таа причина Тајра одлучи да позира без ни малку шминка и гордо го покажа нееднаквиот тен и големите темни кругови под очите.
„Ова утро одлучив да ви ја покажам вистинската јас. Очајно сакав да ги намалам темните кругови, но одлучно реков „не“, ќе им ја покажам вистинската јас“. Па… еве ја вистинската јас. Тука сте, гледате во мене, ја проучувате оваа фотографија. Можеби мислите „опа, таа изгледа грдо“. Ако го мислите тоа, одлично. Заслуживте да видите како навистина изгледам“- напиша манекенката во описот на фотографијата која ја објави на Инстаграм.