Разликата е очигледна – ја покажа новата линија

Пејачката Кристина Агилера цела година работи напорно за да ја врати старата линија. Разликата на секој нејзин нов настап е сѐ поочигледна.

Агилера настапи во шоуто „The Voice“ заедно со Пит Бул со нивниот хит „Feel The Moment“, а „собра“ многу позитивни коментари за својата витка фигура.

http://youtu.be/HVauMijz_Og

„Многу ја критикуваа поради дебелината, многу ѝ беше тешко, беше депресивна“, открива пријател на пејачката за „Us Weekly“.

Агилера наводно била на диета „1600 калории на ден“ – Fresh Diet програма кон која се придржувала.

Christina_Aguilera_Fat_American_Music_Awards_1

Нејзиното тело низ годините се менуваше, а иако многумина ја критикуваа поради тежината, таа секогаш нагласува дека го сака своето тело.

Christina-Aguilera

„Секогаш ме критикуваа, прво дека сум преслаба, а потоа дека сум предебела. Драго ми е што сега имам задник и очигледно сакам да го покажувам деколтето“, порача Агилера во едно интервју.

Aguilara-skinny_62_1622701a aguilera2f-3-web

- Реклама -