Разговор со Сократ

Веројатно многу мислители, писатели и политичари би дале се за еден разговор со големиот филозоф.

„Би ги заменил сите свои технологии за едно попладне со Сократ.”, имаше изјавено Стив Џобс.

Нарекуван „најмудриот од сите мудреци”, старогрчкиот филозоф е еден од најинтересните и светли фигури на антиката. Повеќе од два милениуми неговата интригантна личност и филозофски рефлексии се инспирација и мистерија за човештвото. Неговата мудрост и ставови за животот допреа до нас само благодарение на неговите современици. Познато е дека Сократ не запишал ниту една своја мисла, сметајќи дека вистинското знаење и мудрост во живиот се засновани на дијалогот и полемиката со соговорникот. Тој е прв кој расудува за начинот на живот и тврди дека филозофијата е начинот на кој живееме. Благодарение на мудроста, Сократ имал влијание врз луѓе од различни возрасти и со различна општествена положба. А прочуените беседи и дијалози предизвикувале восхит кај неговите пријатели и ученици, но и  непријателство кај неговите противници. Секој кој влегувал во дијалог со мудрецот, се појавувал на “испит на својата душа”. Според сведоштва на Платон, секој ентузијаст бил подложен на безмилосна иронија и на бескрајни прашања и немал шанса да ја прекине полемиката, додека не си даде сметка кој е и како живее.

Да се ​​обидеме да разговараме со Сократ …

„Човекот е навистина мудар тогаш кога знае дека не знае ништо.“

Токму на Сократ му припаѓа познатата фраза „Јас знам дека ништо не знам“. Тој сметал дека добриот почеток започнува од малите нешта и дека има едно добро – знаењето. И едно зло – незнаењето.

„Луѓето си вообразуваат дека знаат нешто, а се чини дека не знаат ништо. И се добива дека знаејќи за своето незнаење, јас знам повеќе од сите други. “

На Сократ му припаѓа и другата вечна мудрост: Не живеј за да јадеш, туку јади, за да живееш.

„Јас јадам, за да живеам. А некои луѓе живеат за да јадат. “

На светот има многу работи кои не ми требаат.

Чекорејќи низ пазарот, Сократ рекол: „Колку многу работи има на светот. Луѓето на пазарот купуваат скапи задоволства, а јас бесплатно си произведувам сопствени задоволства од својата душа.“

Причината за доброто расположение

Еднаш еден ученик на Сократ го прашал:
– Објасни ми, учителу, зошто ти си секогаш во добро расположение?
– Затоа што не поседувам ништо за што би страдал, ако го изгубам. – одговорил мудрецот.

Слегувањето е полесно од искачувањето

Хетеро Калисто еднаш со потсмев му рекол на Сократ дека само ако посака, може да ги привлече сите негови пријатели и ученици, додека тој не би можел да го стори истото со неговите.
– Се разбира, – одговорил философот. – Твојата задача ќе биде полесна – ако ти ги повикаш моите следбеници да го направат тоа, тие ќе се спуштат надолу, а ако јас ги повикам твоите – тие ќе треба да се искачуваат.

Земете од себе

Еднаш еден познаник на Сократ,  го прашал, кој би можел да му позајми одреден износ на пари.
– Земете на заем од себе – рекол Сократ – едноставно скратете ги трошоците.

Кон Сократ се обратил еден од неговите ученици:

– Наум сум да се оженам. Што ќе ме советувате?
– Гледај да не си како риба која паѓа во мрежата, се стреми да биде слободна, а кога е на слобода, се стреми да влезе во мрежата. Но како и да постапиш, секогаш потоа ќе зажалиш.

Што е смртта?

Осуден на смрт, пред да ја испие чашата со отров, филозофот рекол: „Штом не знаеме што е смртта, не е логично да ни биде страв.“

„Смртта може да е и најголемиот благодет за човекот.“

Во судот, слушајќи ја својата пресуда, Сократ одговорил:
– Па, јас идам за да умрам. Вие останувате, за да живеете. А кое од двете е подобро, на човекот не му е познато.

- Реклама -