Телото на познатата Џенифер Лопез мами воздишки, а многумина ќе се согласат дека изгледа подобро од нејзините двојно помлади колешки.
Сега ја откри и својата тајна…
Вежбање и само вежбање? Се чини дека и Џенифер Лопез крие некој ас во ракавот. 45-годишната пејачка стана заштитно лице на брендот BodyLab кој промовира здрав начин на живот и производи, храна, протеини, како и други фитнес производи за жени.
„Ми се допаѓа тој холистички пристап. Тоа не е диета, туку дел од режимот за здрав живот, го стимулира метаболизмот. Така уште повеќе го сакате своето тело“, вели Џенифер која, се разбира, го живее тој фитнес- начин на живот.
Освен тоа, по последниот раскин со помладиот дечко, таа се посвети на себеси и објави биографска книга „True Love“ во која отркила многу детали од својот приватен живот, поранешниот сопруг и првиот маж кој ѝ го скршил срцето- Бен Афлек.