Секој има свои правила за готвење и јадење различни тестенини и сите тврдат дека токму нивните правила се неоспорно најдобри. Токму затоа, следува листата од најпознатите митови за тестенини и вистините зад истите.
Секој има свои правила за готвење и јадење различни тестенини и сите тврдат дека токму нивните правила се неоспорно најдобри. Токму затоа, следува листата од најпознатите митови за тестенини и вистините зад истите.
Мит: Кршењето на шпагетите пред варење го олеснува нивното јадење.
Доколку беше полесно шпагетите да се јадат покуси, тогаш ќе се произведуваа покуси. Кршењето на шпагетите не само што не го олеснува јадењето, туку го прави потешко – тие стануваат толку куси што е невозможно да ги завиткате на виљушката.
Мит: Додадете масло во водата, за тестенините да не се лепат.
Тестенините не треба да се лепат кога се варени (доколку се квалитетни). Но, ако додадете масло, тогаш тоа ќе направи слој врз тестенините и ќе го отежни нивното врзување со сосот.
Мит: Фрлете ги тестенините во ѕид – ако се залепат, тогаш се сварени.
Единствен начин да проверите дали тестенините се сварени е да ги пробате. Треба да бидат доволно меки за да може да ги прегризете, но доволно тврди за да не ги почувствувате како каша. Колку повеќе се варат тестенините, толку повеќе стануваат како гума. Оттаму, ако ги фрлите и навистина се залепат, тогаш веројатно сте ги превариле.
Мит: Измијте ги тестенините по варење.
Ако ги измиете, тоа ќе ги направи ладни, ќе одземе од вкусот и ќе го направи речиси невозможен процесот на врзување со сосот.
Мит: Најважен е сосот!
Ако ги прашате Италијанците, најголемите зависници од тестенини, сигурно ќе ви кажат дека тестенините се јадат со сос, а не сосот со тестенини. Никогаш не ставајте премногу, зашто тоа ќе го уништи впечатокот дека јадете тестенини.