Ray-Ban се најдобрите очила за сонце. Стилот е безвременски а леќите се квалитетни. И иако со години постојат Wayfarers кои се склопуваат, сега и класичните Ray-Ban Aviators ќе го добијат истиот третман.
Пар вакви очила ќе чинат помеѓу 195 и 295 долари, во зависност од стилот. Ray-Ban произведува Aviators уште од 1937, што значи дека се очила кои траат многу долго. Том Круз ги носеше во филмот Top Gun во 1986. Новата верзија наскоро ќе биде достапна на сајтот на Ray-Ban но во меѓувреме можат да се купат во продавници. Нема ништо покул од Aviators а сега станале уште подобри.