Генералното собрание на Обединетите нации одобри мерки за откривање и координиран опдговор во случај на удар од метеор, со објаснување дека во тој случај би можело да дојде до разорување на цели градови, а можеби и уништување на човештвото.
Членките на ОН стравуваат од заканата од удар на метеор во Земјата кој би можело да има сериозни последици за животот на планетата.
Поради тоа предложено е формирање на меѓународна мрежа „Предупредување од метеори“ што би ја сочинувале научници и вселенски агенции од цел свет, кои би делеле информации за новооткриени астероиди и колкава е веројатноста за истите да паднат на Земјата.
ОН ќе организира и основање на советодавни групи чија задача ќе биде да ги детектира најдобрите опции, трошоци и технологии што се потребни во случај на пад на метеор. Резултатите од истражувањата ќе ги споделуваат со сите вселенски агенции во светот.