Расте стапката на репродукција на коронавирусот во Германија

Германскиот Институт за заразни болести „Роберт Кох“ (RKI) предупредува дека во земјата одново расте бројот на репродукција на вирусот, односно R0 (Rnaught).

Тој повторно се искачи на вредност од 1, што значи дека еден заpaзен со вирусот во просек заразува уште најмалку едно лице.

Германските власти постојано потенцираат дека еден од најважните фактори при одлучувањето за релаксирањето на мерките ќе биде токму R0.

На почетокот на март R0 во Германија беше 3, на 8 април падна на 1.3, за изминатите денови да се намали на 0.9, со одредени флуктуации.

Институтот „Роберт Кох“ од самиот почеток предупредува дека бројот на репродукција на вирусот мора да остане под 1, а германската канцеларка Ангела Меркел, зборувајќи за попуштањето на мерките, сликовито објасни дека дури и најмал пораст на овој показател може да има големи последици, односно дека секое надминување на границата од R0 1, макар и за 0.1, ќе значи сосема различно сценарио во однос на висината на пикот на заpaзата и тоа кога може истиот да се очекува, како и преоптоварување на германскиот здравствен систем.

Прочитајте и:  Мерц ја повикува Европа да му покаже заби на Трамп

Досега, според Worldometers, Германија има регистрирано 158.758 случаи на коронавирус, од кои 6.126 пoчинати, а 114.500 оздравени. Германија започна со релаксирање на мерките пред неколку дена.

- Реклама -