Расте популарноста на американскиот знаковен јазик

знаковен јазикСпоред анкета направена од Modern Language Association на американските универзитети, американската верзија на знаковниот јазик е четврт најпопуларен странски јазик помеѓу студентите. На третото место, со само 4500 повеќе студенти се наоѓа германски.

Заинтересираноста за јазикот на гестови пораснала 16 проценти од последната анкета одржана пред три години. Најпопуларниот странски јазик во САД е шпански, а на второто место е француски. Арапски е јазикот кој забележал најголем скок во популарност, 46 проценти, но сепак, само 2 проценти од студентите го изучуваат.

Во анкетата на Modern Language Association исто така било откриено дека 8,6 проценти од студентите кои посетуваат колеџ на кој има избор на странски јазици изучуваат барем еден јазик. Заинтересираноста за странските јазици во САД пораснала за 6,2 проценти споредено со претходната анкета.

Прочитајте и:  Американски сенатор: Залудно е да се преговара со тиранинот Путин

Проценето е дека околу 20 милиони Американци имаат значително оштетен слух, и америкаснкиот знаковен јазик е примарен јазик на 250.000 до 500.000 луѓе. Американскиот знаковен јазик има поинаква граматика и структура од англиски. Најчесто овој јазик е популарен кај оние студенти кои имаат глуви роднини или пријатели, кај заинтересираните за кариера во здравство, кај оние кои претпочитаат визуелно учење или дури и кај оние кои нуркаат. [Sign language No. 4 most studied foreign language]

- Реклама -