Расте бројот на заболени од рак

Светската здравствена организација предупреди дека е зголемен глобалниот процент на заболени од рак. Најновото истражување покажува дека во 2012 таа бројка се зголемила на 14 милиони годишно.

Во наредните две декади возможно е да порасне и на 22 милиони, предупредува СЗО. Пристапот до лекови, сепак ќе ја намали смртноста од оваа болест. Процентот на заболени од рак е поголем во земјите во развој во Африка, Азија и во Централна и Јужна Америка.

СЗО соопшти дека трошоците за лекување на оваа болест ќе ги погодат дури и најбогатите земји.

- Реклама -