Во 2014-та, Владата одвои 11 милиони евра за целиот плоштад „Скендербег“. Сепак, една година по официјалното отворање, распукан е мозаикот, објави Порталб.
Општина Чаир – одговорна за плоштадот, вели дека надзорна комисија составена од архитекти и инженери го проверила случајот, но дека состојбата на терен не соодветствува со објавеното од Порталб. Велат дека редовно се грижат за целокупното одржување на плоштадот и признаваат дека последната проверка покажала оштетувања на плочки и скали (кои ќе бидат поправени за краток временски период), но дека комисијата не констатирала никакви оштетувања на мозаикот кои би барале естетски интервенции.
Меѓутоа, фотографиите на Порталб велат поинаку: