„Расправа во тројка“ е оригинален роман со безвременска тема – прељубата. Во овој љубовен триаголник, трите лика наизменично ја раскажуваат приказната од своја перспектива, во прво лице. Стјуарт Хјуз и Оливер Расел се најдобри пријатели од мали нозе, а се сосема различни карактери: банкарот Стјуарт е помалку несигурен и здодевен, а пак професорот Оливер е духовит, речит и помпезен.
Но кога Стјуарт ја запознава убавата, а приземна реставраторка Џилијан Вајат, Оливер просто не може да поверува. Со потајна мисла дека Џилијан заслужува некој како него, тој се влече по вљубениот пар на нивните рандевуа па дури и прифаќа да им биде кум на свадбата. Но набргу по свадбата, кумот го прави најнеочекуваното, ѝ изјавува љубов на жената на својот најдобар пријател. Тогаш двајцата најдобри пријатели стануваат најголеми ривали.
Со мајсторска техника на раскажување, Барнс напишал духовит и забавен роман испреплетен со доза на црн хумор. Различните верзии на настаните му оставаат на читателот да биде конечниот судија, а со тоа и конечниот автор. За „Расправа во тројка“ Џулијан Барнс е добитник на наградата При Фемина.
„Интеракција на сериозни мисли и неверојатна духовитост… Трогателен, смешен, застрашувачки… Белетристиката во најдобро светло!“
Њујорк тајмс
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на „Копилето од Истанбул“ се:
1. Љубинка Дивјакоска
2. Мирјана Радевска
3. Димче Богдановски