Раскрсница во Романија (со гратис епилепсија)

Пред.

Земале локалните власти во Темишвар, Романија, да реновираат една од поголемите раскрсници, и решиле дека овој пат треба да биде добро означена.

Освен што три ленти се стопуваат во две, раскрсницава е сосема обична. Ама не, некој паметен решил дека треба да има доволно испрекинати линии за да ви приреди епилептичен напад.

Денес.

Во првиот ден по отварањето имало две сообраќајќи. Ама чудно, а?

Сега сигурно си мислите; од автомобил сигурно не изгледа толку страшно. Е па…

Фотка од текот на изградбата.

Во меѓувреме, некаде ова истово вака го решиле.

- Реклама -