Расипан телефон

Денеска ве враќаме назад во детството, кога расипаниот телефон беше една од најсмешните интерактивни игри на секое дете.

Навистина не знаеме дали денешните генерации ја играат оваа игра, но ако одговорот е „Не“, им порачуваме на сите воспитувачи и наставници да пробаат. Па дури може да се игра и на стручни поими од 5-то одделение (пр. географија, историја, лектира), а притоа да биде навистина забавно.

Правилата се едноставни: сите седат во ред, еден крај друг. Оној кој се јавува, односно првата личност во редот, на играчот крај себе му кажува некој збор и така вториот на третиот, па понатаму до крајот на редот.

Секој следен играч треба да е што потивок, и на уво да го повтори она што го слушнал. Последниот во редот треба гласно да го изговори зборот.

Откако тој ќе каже, првиот кажува кој бил почетниот збор, па се добива сосема ново гледиште.

Кој го расипа телефонот?

- Реклама -