Рашковски не поседува никаков имот, за еден месец сѐ што имал префрлил на име на своите деца на предшколска возраст

Поранешниот Генерален секретар на Владата – Драги Рашковски, кој во моментов е во куќен притвор поради набавката на софтверот за контрола на сообраќајот кој никој не го користи, нема никаков имот на свое име, дознава „Алсат“.

Како што објави медиумот, од 17 декември 2020 година до 21 јануари годинава, Рашковски сѐ што поседувал го префрлил на име на своите малолетни деца, кои се на предшколска возраст. „Алсат“ веќе обелодени дека децата на Рашковски фигурираат како инвеститори на хациендата од 800 метри квадратни што Рашковски ќе ја градат во Побожје. Освен земјиштето од 11 илјади квадратни метри на кое ќе биде изградена, во целосна сопственост на децата на Рашковски е и станот во Скопје од 65 метри квадратни. Повеќе ТУКА.

- Реклама -