Пред две години популарната пејачка се соочи со смртта на својот сопруг Рене и поминуваше низ тежок период од својот живот.
Но, таа сега продолжува понатаму и со кариерата, но и со приватниот живот.
Според холивудските таблоиди, нова љубов на Селин Дион е актерот Расел Кроу, кој неодамна се разведе од сопругата Даниела Спенсер.
И двајцата минеле низ тежок период, па добро се разбираат еден со друг. Кроу е обожавател на музиката на Селин Дион.
Иако оваа вест е сè поприсутна во медиумите, ниту актерот, ниту пејачката немаат коментар за наводите.