Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, триумфираше на пол-позицијата на првата трка од Формула 1 сезоната 2026.
На 28-годишниот Британец, најбрзиот круг во квалификациите утрово во Мелбурн му изнесуваше 1 минута и 18,518 секунди.
Неговиот тимски колега, Андреа Кими Антонели, заврши веднаш зад него со задоцнување од 0,293 секунди, додека возачот на Ред Бул, Исак Ајар, го освои третото место со разлика од 0,785 секунди.
Меѓу првите шест се најдоа и: Шарл Леклер (Ферари со задоцнување од 0,809 секунди), Оскар Пјастри (Мекларен со 0,862 секунди) и Ландо Норис (Мекларен со 0,957 секунди).
Четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен, кој вози за Ред Бул, излета од патеката во првиот сегмент и трката ќе ја започне од 20-та позиција.
Главната трка на австралиското Гран при е закажана за утре, 8 март, со почеток во 5 часот според македонско време.




