Рапери со импресивни куќи

Koлку и да звучи тажно и иронично (оној кој го љуби рапот знае зошто) комерцијалните рапери сакаат луксуз – скапи автомобили, дијаманти и  имот.Погледнете  10 од најимпресивните станови на рап ѕвезди. Најевтината  куќа на  листата чини 9 милиони долари, а најскапата – 45 милиони долари.

Дрејк – 9 милиони долари

Дрејк е од Торонто (Канада), но живее во сончевата Калифорнија. Имотот зафаќа површина од 1161 квадратни метри.

 

Во него има кино со 24 места и базен со водопад! Бројот на спални е 6, а на бањите – 10. Меѓу додатоците се тениско игралиште, игралиште за одбојка,  механички бик за родео симулации и што ли уште не.

Кание Вест – 11 милиони долари

Кание Вест и Ким Карадшијан неодамна купија прекрасна куќа во Бел-Ер. Таа зафаќа површина од 929 квадратни метри.

 

Меѓу додатоците се детско катче, фитнес, кино и салон за убавина. Дури и тоалетите им се позлатени.

 Диди – 13 милиони долари

Диди живее во импресивна палата во Њу Џерси. Таа лежи на 3 хектари земјиште и има базен, тениско игралиште и градини. Областа на куќата е 1580 квадратни метри. Таа има 9 спални со сопствена бања. Во гаражата има простор  за 6 автомобили.

Лил Вејн – 13 милиони долари

Лил Вејн има куќа на приватен остров во Мајами. Областа на домот е 1390 квадратни метри. На покривот има изграден скејт парк.

За жал, Лил Вејн има финансиски проблеми и во моментов го  продава овој дом, а цената која ја  објавил е  1 милион долари помалку од она што тој го платил.

 Бирдмен – 14,5 милиони долари

Тој е еден од основачите на Cash Money Records. Живее во  домот на прочуениот Палм Акленд во Мајами (каде ѕвездените куќи се речиси една до друга).

Областа на домот е 1765 квадратни метри, а тој наликува на вистински дворец. Има 9 спални соби  и  лифт. Тоа не е се… Верувале или не во домот има дури  17 бањи !

50 Cent: 14.500.000. долари

Поранешниот уличен дилер на дрога денес е супер ѕвезда со лично богатство од над 200 милиони долари. Куќата во Конектикат е со површина 4600 квадратни метри.

 

Во неа има вкупно 52 соби, а се наоѓа  на 17 хектари земјиште. Постои дури и игралиште за слетување на хеликоптер. Меѓу додатоците се затворен базен и бар, кој собира до  50 лица. Раперот се обидува да го продаде овој дом, па дури и да ја намали цената, но засега нема купувачи.

Доктор Дре – 15,4 милиони долари

Дре живее во куќа со „скромна” површина од само 929 квадратни метри.

Таа се наоѓа во Холивуд Хилс и е изградена во 2001 година. Има 5 спални, 8 бањи и неверојатна глетка кон градот. Дворот е тивок и има огромна оранжерија.

Фарел Вилијамс – 16,8 милиони долари

За разлика од останатите домови во рангирањето, ова  не е куќа, туку  пентхаус.

 

Се наоѓа во Мајами и е на три спрата. Има површина од  836 квадратни метри,  на 40-тиот кат на облакодер со неверојатна глетка кон градот.

 Вил Смит – 42 милиони долари

Смит е познат повеќе како актер, но ја започнал својата кариера како рапер. Тој живее во оваа куќа со жена му  и со трите деца.

 

Областа е 2322 квадратни метри. Домот е со тркалезна форма. Во него има соба за медитација, вештачко езеро, студио, тениско игралиште.

 Џеј Зи – 45 милиони долари

Џеј Зи и Бијонсе платија 45 милиони долари за оваа куќа во Малибу. Таа има површина 1207 квадратни метри.

Стилот е италијанска ренесанса, има камени ѕидови и подови. Во домот има 7 спални, 9 бањи, кино, тениско игралиште, базен, куќа за гости и е сосема блиску до океанот. Претходниот сопственик е Шер.

 

- Реклама -