Рап музиката потекнува од Шкотска?

Повеќе... Според академиците рап музиката не потекнува од Бронкс, ами од шкотските пабови.


081230_scotrap.jpgСпоред академиците рап музиката не потекнува од Бронкс, ами од шкотските пабови. Академиците тврдат дека корените на рап музиката треба да се бараат во средновековна Шкотска.

Професорот Ferenc Szasz ни откри дека Келтите се препукувале со навредливи рими многу порано пред рап битките во САД и дека хип хопот потекнува од шкотските таверни.

Овој експерт од универзитетот во Ново Мексико сугерира дека робовите на плантажите научиле да рапуваат од шкотските колонизатори (само што овие не успеале да ги убедат да носат и килтови:). Тој додава дека рап битките кои се појавиле во гетата во седумдесетите години и должат многу на шкотската традиција на користењето на сатирата.Професорот Szasz дошол до вакви сознанија проучувајќи го делото на шкотскиот поет Robert Burns.

- Реклама -