Денес добропознатите iPhone 4 и iPad се екстремни гаџети. Едноставни и прецизни. Но овие рани концепти за iPhone и iPad прототипите се малку луди.
Еден ран концепт за iPhone 4 е полн со рабови и агли, со дијагонални рабови, а еден од прототипите за iPad дури има и потпирач. Да, потпирач, како велосипед. Но не сите прототипи на iPhone и iPad се чудни, некои дури и изгледаат како вистински производи.
Во прототипите има и iPhone 4 дизајн инспириран од iPod Nano – со полиран алуминиум и заоблени агли. Друг прототип, обележан како n90 изгледа фантастично – неверојатно тенок (но задебелен во средината). Другите прототипи изгледаат како некои од фалсификуваните копии на Apple производи – неелегантен дизајн кој делува како да бил создаден со сила да биде квази-футуристички.
Најзабавните прототипи се оние кои воопшто не изгледаат како да се дело на Apple. iPhone дизајнот со дијагонални агли изгледа како Vertu телефон со осум страни. А дизајнот за iPad со потпирач? Тоа мора да било шега на сметка на Стив Џобс. [The iPad that never was: kickstands, curves, and ‘highly confidential’ Apple prototypes revealed]