Рангелова: Не сум заинтересирана да бидам кандидат од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова на денешната дебата во емисијата Топ тема изјави дека не ги поддржува политиките на нејзината партија и нема да биде дел од листите.

– Не сум заинтересирана да бидам кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, треба да се даде шанса на нови луѓе кои ги поддржуваат политиките на актуелното раководство. Не е чесно да не се поддржуваат политиките на партијата а да барате да бидете на листи. Ќе продолжам да се занимавам со политика, но во идниот временски период ќе бидам малку понастрана, вели Рангелова.

- Реклама -