Рамна платформа, сребрени патики и каубојки

Доминираат рамните обувки како и популарните „каубојки“ кои одлично одговараат во комбинација со лесните и разиграни пролетни фустани и шешири.

Облеката мора да биде пријатна, особено ако долго стоите или шетате- на тоа инсистираат дизајнерите кои оваа сезона се инспирирани од стилот на 70-ите години.

Доминираат рамните обувки како и популарните каубојки. Сепак хит во светот на модата се обувките со рамна платформа. Одлично се вклопуваат со фармерки, ѕвонарки, тексас фустани и цветни дезени.

Во тренд се и патиките во сребрена нијанса, со препознатливиот потпис на  Мајкл Корс, кои одлично прилегаат на речиси секој стил.

- Реклама -