Рама: САД имаат долг за подмирување кон нас

Тирана, 4 ноември 2022 (МИА) – Албанскиот премиер Еди рама изјави дека САД имаат долг за подмирување кон неговата држава поради засолнувањето на припадници на иранската опозиција МЕК во камп близу Драч, поради што државата се соочи со кибер-напади од Иран.

Рама објаснил дека „не можете да правите сојуз со стратешки сојузници кои земаат што ви се допаѓа и отфрлате она што не ви се допаѓа“.

Гостувајќи во телевизиска емисија тој истакнал дека една држава има обврски и моменти кога мора да стане вредна за нејзините најголеми сојузници

„Имате свои обврски … Ние го нудиме нашиот дом, тие треба да им гарантираат егзистенција, а вие да гарантирате безбедност. Денес е јасно дека ние си го завршивме својот дел, тие опстанаа, додека нашите сојузници имаат долг да за подмирување кон нас“, посочил Рама.

Прочитајте и:  Рамасвами и Маск планираат укинување на ФБИ и масовно отпуштање владини службеници

Во кампот кај Драч се сместени над три илјади припадници на иранската опозиција, МЕК.

- Реклама -