Рама: Ќе дојде конечното признавање, Косово нема да чека колку што чекаше за независноста

Еди Рама, Албин Курти, претседателката на албанскиот парламент – Линдита Никола, и нејзиниот косовски колега Глаук Коњуфца

Конечно признавање на Косово ќе има и нема долго да се чека за него, оцени албанскиот премиер Еди Рама во своето обраќање на заедничката седница на парламентите на Албанија и на Косово.

„Верувам дека неговото конечно признавање ќе дојде порано и дека Косово нема да чека онолку долго колку што ја прогласи својата независност, конечно да биде меѓународно признато и да биде присутно во секој случај на целата општа организација на светот во кој живееме“, рече Рама.

Односите меѓу двете земји тој ги оцени како одлични и многу продуктивни.

„Односите меѓу Албанија и Косово денес не се само одлични, бидејќи ние сме две земји разделени со две држави, но обединети на срце, но тие се уште попродуктивни од кога било досега. Тоа го покажуваат фактите, не само средбите, но по волја и постигнување на способноста. Доволно е да се погледнат податоците за комерцијалните размени или слободата на движење, што до вчера изгледаше невозможна, или заедничкиот буквар или заедничката работа за албанскиот енциклопедиски речник и историја на Албанците“, додаде Рама.

Тој понатаму рече дека прогласувањето на официјален албански јазик во Северна Македонија и првиот албански премиер во Црна Гора сѐ уште едно достигнување кое досега не се замислувало.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Тој не заборави да го спомене и поранешнот косовски претседател и комндант на ОВК, Хашим Тачи, за кого рече дека „многу недостига на денешниот исторски ден за нацијата“.

Во Тирана денеска се одржува прва заедничка седница на парламентите на Албанија и на Косово, по повод одбележувањето на 110-годишнината од независноста на Албанија.

Како и Рама, обраќање на заедничката седница имаше и косовскиот премиер Албин Курти, кој повика дека Приштина и Тирана треба „почесто да се заедно, не само на празници“.

„Нашиот простор, култура и економија не се феуди што некому му припаѓаат. Треба почесто да бидеме заедно, не само на прослави. Мораме да споделуваме идеи меѓу себе и да ги прифаќаме критиките, да работиме меѓусебно“, рече Курти.

Тој подвлече дека нивните предци се бореле за дом на сите Албанци, отворен за пријателите кои придонесуваат за мирот.

Владите на двете земји, пак, во јуни годинава ја одржаа осмата заедничка седница. Првиот заеднички состанок се случи во 2014 година.

Извор: МИА

- Реклама -