Рама: Албанците да не заборават дека без САД нема да имаше независна држава Косово

Албанскиот премиер Еди Рама и американскиот државен секретар Антони Блинкен на заедничката прес-конференција потврдија дека разговарале и околу состојбата на Косово, при што Рама оцени дека „Албанците не треба да заборават дека без САД нема да имаше независна држава Косово“.

Додаде дека го промовираат „незаменливиот дијалог меѓу Косово и Србија“ и оти „САД беа и ќе останат цврсти поддржувачи на конечното признавање на Косово и исполнувањето на меѓународниот субјективитет на Косово“.

-Добро е што Албанците не забораваат дека без САД немаше да има независна држава Косово и дека интересот на САД во овој регион и конкретно интересот за непречено одвивање на работите во Албанија и Косово не е спореден интерес. Сакам да го повторам апелот до властите во Приштина да не преземаат никаков чекор без консултација со своите стратешки сојузници, бидејќи тоа е во нивен интерес, оцени Рама.

Според високиот американски функционер „за надминување на тензиите меѓу Косово и Србија, дијалогот со посредство на ЕУ е единствениот правилен пат по кој треба да тргнат Белград и Приштина“ и оти САД ќе ги поддржат двете земји, кои „не треба да се враќаат во минатото и да го повторат она што се случи“ .

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

-Посветени сме на поддршка на сите напори за унапредување на интеграцијата на земјите од Западен Балкан меѓусебно и со Европа. Дијалогот на Косово и Србија со посредство на ЕУ е вистинскиот и единствениот правилен пат, ние сме посветени да направиме сè што можеме за да ги поддржиме двете земји додека чекорат по овој пат. Ќе направиме сè што е можно, да ги поддржиме сите земји во регионот да тргнат по овој пат. Ние многу го поддржуваме дијалогот што го олеснува ЕУ, посочил Блинкен.

Според Рама добро е познато дека Албанија негува политика на подавање рака на пријателство кон сите земји од регионот.

-Ние сме инвестирале регионот да оди напред. Во интерес на нашиот народ е да го гледа обединувањето со Европа како нераскинлив дел со обединувањето на овој регион околу вредностите и принципите кои го отелотворуваат нашето битие во големата заедница на демократски држави, посочи Рама.

МИА

- Реклама -