Ралф Шумахер: Ферстапен заслужува да биде овогодишен шампион во Формула 1

Ралф Шумахер го посочи Макс Ферстапен како фаворит за освојување на светската титула во Формула 1 оваа година.

Како што пренесува „Марка“, Шумахер смета дека Ферстапен и неговиот тим Ред Бул заслужуваат да ја освојат титулата.

За холандското издание „Мотоспорт“, Шумахер изјавил дека што се однесува до него, најдобриот возач треба да ја понесе титулата, иако, како што вели, е фер да се каже дека оваа година и Ферстапен и Хамилтон имаат претензија за тоа.

„Но, на лично ниво би сакал да го видам Макс како ја носи титулата. Тоа би било нешто поинаку и тој навистина го заслужува тоа, според мое мислење“, изјавил Шумахер.

Тој смета дека Макс пораснал енормно споредувајќи ги првите години, кога, како што кажа, „го притискаше автомобилот премногу силно и понекогаш беше доста агресивен“, и сега, кога гледаме сосема поинаков Ферстапен – „оној во кој уживам неизмерно како аналитичар“.

- Реклама -